Роман Гросжан откри дека очекува Хунгароринг да биде голем предизвик. Французинот има одлични резултати на патеката каде ќе се вози престојната трка откако освојуваше поени дури 3 пати во својата кариера, а беше на 3то место во своето деби таму во 2012 година.

Трката никогаш не е лесна, патеката е мала и изгледа кривулесто како луда железница. Ќе видиме што можеме, но тоа е трка која ја сакам. Секогаш ми се допаѓа кога пристуигнувам во Будимпешта.

Најголема разлика во однос на претходните години е новиот асфалт. Порано беше доста нерамно. Патеката не е брза, а вториот сектор е навистина кул, качувањето нагоре и спуштањето надоле на последните две кривини е одлично.

Секогаш е тешко да се претекнува на Хунгароринг и да бидам фер едно од најдобрите претекнувања во мојот живот го имав таму во 2013 година кога однадвор го минав Маса. Добив казна поради тоа претекнување затоа што бев со сите тркала надвор од патеката, но тоа не беше важно затоа што уживав – смета Роман.


РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.