Французинот Роман Гросжан верува дека Хаас нема место за грешка во 2019 година бидејќи веќе е на врвот од останатите тимови, откако ја завршија сезоната на 5то место во поредокот.

Шефот на тимот Гунтер Стаинер призна дека минатата сезона правеле грешки поради неискуството и заостанале 29 поени зад Рено иако имале подобар болид. Гросжан признава дека Хаас треба да цели повисоко и треба да работат понапорно.

Ова е голем предизвик поради промената на правилата и наша цел е да дојдеме до четврта позиција. Треба да работиме понапорно. Мислам дека оваа година научивме како е да бидеме посилни. Има работа кои се прават и некои грешки кои не се дозволени, Но оваа година учевме и мислам дека тимот е подготвен да оди напред и да го среди болидот и затоа нема причина да не се бориме за четврта позиција – смета роман.

Гросжан е во Хаас од почетокот на тимот во 2016 година и горд е на помошта што му ја пружил и соработката со врвните луѓе од Формула 1.

Не сум само јас, има многу луѓе кои работат, но јас сум тука од првиот ден да им помогнам на нив. Џин е тука и тој сака да види како работиме и ова е голема авантура. Кога доаѓате во нов тим работите како да сте во голем тим каде се е на место. Секако е потребно нешто за да се наместат деловите бидејќи сложувалката е нова.

Гросжан доби нов договор со тимот покрај Кевин Магнусен и признава дека би сакал да продолжи со американската екипа.

Мислам дека имам уште години. Не знам дали ќе завршам со Хаас или не. Сигурно имам договор и треба да се зборува а иднината но ова е тим од кој сакам да сум дел. Сакам да победам на трка и се надевам дека со промените од 2021 ќе имаме шанса за тоа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.