Гросжан ужива во Хаас, сака и понатаму

48

Роман Гросжан нема добра сезона со Хаас, но и покрај тоа французинот сака да надомести до крајот на сезоната и да остане во тимот и понатаму. Во Италија Роман заврши на 6то место, но беше дисквалификуван поради нерегуларности со подот на неговиот болид. Тој немаше добри резултати ни од почетокот на сезоната, не освои поени по првите 8 трки, но фати залет, заврши на 4то место во Австрија, а на последните 6 трки дури 5 пати беше во поени.

По добрите резултати во средниот дел од сезоната, тој има шанса да го задржи своето место во Хаас и следната сезона.

Работам на себе за да сфатам зошто работите не се одвиваа добро на почетокот, а во исто време и болидот ми дава подобро чувство во последно време, уживам во возењето и се надевам дека ќе продолжам со добри резултати.

Подобрената форма на французинот заедно со констано добрите перформанси на Кевин Магнусен ги донесоа блиску до 4то место за кое ќе се борат до крајот на годината со Рено.

Мислев дека можеме да дојдеме до 5то место кај конструкторите, но борба за 4то е повеќе одошто очекував и среќен сум поради тоа. Тимот одлично работи, новините и подобрувањата кои ги носиме даваат резултати. Се подобруваме секоја трка, имаме одличен болид на сите патеки и нетрпеливи сме и позитивно гледаме на трките до крајот на сезоната.

Ќе дадам се од себе за тимот. Секогаш сум максимално подготвен, но не секогаш го добивам тоа што го очекуваме. Секој е фокусиран на својата рабоа, даваме се од себе и целиме на поени секоја трка.

Следната трка ќе биде невообичаена за сите на гридот, затоа што се работи за првата ночна трка на календарот која се вози во топлиот и влажен Сингапур.

Ја сакам трката во Сингапур, сакам да се тркам навечер иако е чудно, но се околу излгеда одлично и секако дека Сингапур е една од најубавит етрки на календарот. Најголем предизвик е топлината и влажното време кое е многу тешко во Сингапур, а и трката секогаш е околу 2 часа долга и поради тоа е тешко.

Ментално, трката е тешка и исцрпуцачка физички. Јасно е дека се работи за трка на која мора да сте целосно подготвени. Нетрпелив сум на викендот за да видиме што можеме да направиме.

Сите го сакаат Сингапур затоа што сите сакаат предизвик, затоа сме во Формула 1 и затоа ги возиме овие болиди со над 300 кмч. Едноставно.


Booking.com

Гросжан ужива во Хаас, сака и понатаму

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>