Гросжан: Треба да анализираме што се случи по рестартот

82
   

Роман Гросжан не беше среќен со потегот на Серхио Перез по рестартот по Виртуелното Безбедносно Возило, кој смета дека бил неисправен, додавајќи дека тој ја одржувал својата делта на време, додека мексиканецот го претекнал веднаш по зеленото знаме иако имал предност повеќе од 2 секунди пред него.

Возачот на Хаас Ф1 целеше кон пласман на 7мо место на Јапонското Гранд При, позади водечките три екипи, но Перез го претекна во 42от круг и направи предност во последните кругови, а Гросжан мораше да се задоволи со пласман на 8та позиција.

Сепак, Гросжан смета дека тој имал доволни перформанси за да ја врати позицијата, но веќе за него тоа е минато, а 4 освоени поени и помогна на екипата да му се доближи на Рено во генералниот пласман, кои пак освоија само 1 поен со Саинз.

Мора да анализирам што се случи на рестартот по Виртуелното Безбедносно Возило. Јас ја одржав мојата делта, а Перез, со претходно заостанување од 2,4 секунди, ме претекна веднаш.

Мора да провериме и да видиме дали има проблем во системот. Јас мислам дека си ја завршив работата од моја страна.

Направивме се што можевме. Имавме некои технички проблеми со болидот, што не ни ја олесна работата. Мислам дека без проблемите, јасно имавме форма да бидеме пред сите тие момци. Но, одиме на следната трка – изјави Гросжан.


Гросжан: Треба да анализираме што се случи по рестартот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>