Посветениот Роман Гросжан искористи најмногу во последните 10 кругови на Германското Гранд При и ја заврши трката на шесто место за екипата на Хаас. Французинот посакуваше да испорача добар резултат по честите грешки, а трката во Германија се покажа како одлична можност.

Уште од стартот на трката, тој и Кевин Магнусен, имаа одлични позиции, но променливото време во Хокенхајм доведе до хаос на патеката и губење на позиции за двајцата возачи.

Данецот премина на интермедиа за време на безбедносното возило, но потоа мораше повторно да влезе и да смени на ултрасофт. Но Гросжан по своето менување целеше само напред.

Ова беше забавно. Добар крај на трката. Очигледно не го направивме вистинскиот избор со промена на интермедиа пневматици. Патеката брзо се исуши.

Имавме малку среќа, малку ризик, се вративме на мазни пневматици и имав многу забава додека ги претекнував тие пред мене.

Возев на лимитот. Мислам дека бевме среќни со позицијата пред дождот, но очигледно заврна. Момците заслужија добар резултат од мене, а јас навистина уживав во тоа – изјави Гросжан.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.