Гросжан: Сузука е тешка патека за сетап

50
   

Како што првенството во 2018 година доаѓа во својата завршница, викендов не враќа на познатата Сузука. Роман Гросжан од Хаас одвај чека да вози на познатата патека на календарот. 

Сузука и Јапонија се познати како најомилени за возчаите. Фановите играат голема улога во сето ова, но самата патека е тежок предизвик што е совршено за возачите.

Според Гросжан, најважно е да се подеси балансот на потисната сила во Сузука, бидејќи премногу или премалку може да резултира во бавни времиња по круг.

Сочи е интересна патека, не е една од моите омилена.

Сузука е дефинитивно една од моите омилени. Секогаш одвај чекам да дојдам тука. Сакаме да имаме добар резултат секаде. Ќе се бориме максимално бидејќи секаде можеме да освоиме поени во борбата против Рено.

Постои деликатен баланс во Сузука во однос на потисната сила. Премногу, и ќе бидете бавни на правците. Премалку и нема да може да нападнете во тесните свиоци. Очигледно, нивото на потисна сила е зависно од тоа колку сте удобни во брзината.

Ова е една од тие патеки каде ви треба многу потисна сила и навистина добар болид во брзите свиоци. Има важни бавни свиоци. Се се сведува на правиот лимит на агресивно возење во тие тешки сектори. Не е лесна патека за подесување, но дефинитивно навистина добра за возење – вели Гросжан.


Гросжан: Сузука е тешка патека за сетап

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>