Гросжан: Судари со колегата не смее да има

89
   

Два инциденти на една Гранд При трка, еден од нив со тимскиот колега значи настан исполнет со случувања за Роман Гросжан од Хаас.

За време на борбата за позиција на стартот од трката, французинот се судри со Кевин Магнусен по што двајцата возачи ги загубија одличните места кои ги освоија на квалификациите претходниот ден.

На почетокот на трката имав дуел со Кевин и мислам дека погрешивме двајцата. Тоа не треба да се случува и мораме да се осигураме дека тоа нема да се случи повеќе. Тоа не чинеше загубени доста позиции и тоа уште во првиот круг од трката – објасни Гросжан.

Магнусен на крајот стигна до поени, но трката за Роман стануваше се полоша. По рестартот на трката и повлекувањето на Безбедносното возило, тој се бореше со Карлос Саинз од Рено за позиција по што двајцата завршија надвор од трка право во оградата.

Потоа се судрив со Карло. До сега ја немам гледано снимката и не можам да кажам што точно се случи. Мислам дека тој промени правец доста нагло во кривината и не ми даде многу простор во внатрешниот дел на патеката. Се обидов да закочам за да избегнам контакт, но немаше место. Штета.


Гросжан: Судари со колегата не смее да има

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>