Гросжан: Стратегијата не се покажа добро

91

Роман Гросжан смета дека без проблемите од квалификациите ќе завршел на 7мо место со својот Хаас и ќе бил најдобар од останатите на Канадското Гранд При. Французинот не постави квалификациско време откако моторот му откажа самошто излезе од боксот и поради тоа трката ја почна од последната позиција.

Грозжан имаше неверојатни 49 кругови серија со ултрасофт гумите пред да влезе во бокс, но дотогаш напредуваше и беше во поени.

Не знаевме колу долго ќе издржиме на првите гуми, планиравме да возиме долго, но не 49 кругови долго. Гумите убаво издржаа имаше малку деградација на предните, но бев среќен и задоволен од ритамот. Лесно менаџирав со се, го држев Рено блиску пред себе, а Форс Индија зад себе – објасни Роман.

Тој смета дека можел да се квалификува на 7мо место иверува дека таму и ќе ја завршел трката да немал проблеми. Но, и покрај тоа, тој заедно со Ериксон се двајца возачи без поени.

Ако квалификациите беа согласно моите очекувања ќе имав 7мо време и така ќе завршев на трка, тоа е сигурно. Како и да е, се обидов да се вратам, но стратегијата не работеше како што сакавме.

Кога излеговме од боксот на трка имаше многу сини знамиња и не можев да се вратам низ поредокот повторно во поени иако дадовме се од себе. Болидот беше навистина брз и уживав во возењето.


Booking.com

Гросжан: Стратегијата не се покажа добро

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>