Во пресрет на претпоследната трка од календарот, Роман сака да се врати во поени откако немаше топ 10 пласман во Америка и во Мексико.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

На Автодромот Ерманос Родригез американската екипа го имаше најтешкиот викенд во сезоната, додека Рено беа одлични и ја зголемија својата предност кај конструкторите. Но, францускиот возач смета дека финиш на 4то или 5то место кај конструкторите е одличен пласман за екипата која е само трета година во Формула 1.

секогаш ги гледаме времињата, борбата е блиска и наптната што е одлично. се загубивме на домашната трка и во мексико што е штета, но се обидуваме да надоместиме и ќе дадеме се од себе. четврто и петто место е големо достигнување за , екипа која е во својата трета формула 1 сезона – смета гросжан.

Роман појасни дека обожава да се трка на Автодромот Хозе Карлос Паце во Сао Паоло и верува дека карактеристиките ќе им одговараат на болидот откако имаа очајно лоша трка во Мексико.

интерлагос треба да е добро гранд при за нас, а воедно е и патека која ја сакам поради што нетрпелив сум на трката. асфалтот е добар, но тротоарите крај патеките се променети што е штета затоа што е загубен духот на стариот интерлагос. општо гледано патеката е неверојатна, добро го разбираме асфалтот и се надеваме на одличен викенд.

патеката е тешка и нема многу можности за одмор дури и на стартно целната тамнина нема многу одмор. исто така патеката е на голема висина, околу 800 метри, но тоа не е ништо по мексико. времето може да е предизвикувачки променливо, знае да биде топло и влажно, предизвикот не е лесен, но на крајот на денот за тоа сме тука – објасни гросжан.

Тој смета дека Големата награда на е посебен викенд поради историјата која е насекаде околу Интерлагос и големиот Аиртон Сена, на чија победа во 1991 година се присетува Гросжан.

бразил е секогаш посебен поради аиртон сена, тој беше едно од најголемите формула 1 имиња. интерлагос е посебно место, има премногу историја, а на денот на трка има огромна поддршка од фановите. се сеќавам на победата на аиртон таму од 1991 година кога не можеше да го додржи трофејот затоа што беше преморен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.