Роман Гросжан откри дека бил загрижен за време на Кинеското Гранд При поради менаџирањето на гумите на неговиот Хаас болид.

За време на симулациите на трка на петочните сесии екипата се мачеше си ритамот, а така беше и на трка по што втора трка по ред екипата не успее да го задржи резултатот постигнат на квалификациите. Двајцата возачи успејаа да стигнат до К3 на квалификациите поради брзината во еден круг, но Гросжан не успеа да го мине Александер Албон во својата последна серија и остана на 11то место.

Сепак, Кинеското Гранд При е прва завршена трка за французинот сезонава откако се откажуваше во Австралија и Бахреин.

бев малку загрижен пред стартот на трката поради тоа што нашиот тркачки ритам не беше добар цел викенд. болидот е одличен во текот на еден летечки круг, но штом возиме повеќе од два круга со исти гуми, немаме брзина и мораме да разбереме поради што се случува тоа.

мислам дека да не беа сините знамиња на крајот ќе стигневме до поен. алекс албон направи фантастична работа и одлично се бранеше без да погреши. морам да му честитам. вознемирен сум поради тоа што дадов се од себе, притискав силно и не добив шанса да нападнам за поен – објасни гросжан.

Без да освојат поени во Шангај, екипата во моментов е на 6то место во конструкторскиот проедок со 8те поени осворени од страна на Кевин Магнусен за неговото 6то место во Мелбурн.