Гросжан: Сеуште знам да возам

78
   

Откако се мачеше на сите досегашни трки од сезоната, Роман Гросжан беше импресивен на денешните квалификации стигнувајќи до 6то место со својот Хаас. Французинот имаше чиста и мирна сесија со константно добри времиња финиширајќи на врвот од средината на поредокот и победувајќи го на квалификации својот тимски колега Кевин Магнусен по 3ти пат годинава.

Одлични квалификации. Најдовме одличен сетап на болидот и ја надоградувавме брзината како што одминуваше викендот. Среќен сум и задоволен што дојдов во К3 со користење на еден сет на гуми во К2 што значи дека имавме можност за повеќе летечки кругови во последниот сегмент.

Задоволен сум од болидот, се помиан во најдобар ред и балансот беше одличен. За момент се понадевав и дека можеме да останеме на 4то место кое во одреден период од К3 го имавме.

Вистината е дека оние кои беа пред нас реално се побрзи, но јас сум горд што сме помеѓу два болиди на Ред Бул, а задоволен сум и што Кевин стигна до 8мо место. Двата болиди се во топ 10 за утршната трка и се надеваме на двојни поени – објасни Роман по крајот на квалификациската сесија.

Сезоната досега на Гросжан е исполнета со лоша среќа и ниту еден поен освоен до сега, така што тој се надева дека одличните квалификации ќе му ја вратат самодовербата.

Пресреќен сум и се надевам дека утре се ќе мине во најдобар ред. Убаво е да покажам дека сеуште знам да возам и дека можам да дојдам до добри резултати ако не се појават никакви проблеми.

Кога ќе влезете во спирала на лоша среќа, тешко е да ја прекинете така што среќен сум што го направив тоа и сакам утре да имам одлична трка, а сезоната да ми почне одтаму – заврши Роман.


Гросжан: Сеуште знам да возам

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>