Гросжан: Сезоната на Хаас е целосно спротивна од таа на Мекларен

180

Роман Гросжан смета дека неговиот тим Хаас има целосно сппротивна сезона од онаа која ја има Мекларен. Американците редовно имаат 4ти или 5ти најбрз болид на тркачките викенди, но и покрај тоа се дури на 8то место во поредокот. Мекларен од друга страна не може никако да стигнат ниту до К3 на квалификациите, но имаат поени од сите досегашни трки и се на 4то место во поредокот.

Ова е тркање и не може да се контролира се. Видовме што се случи во Австралија, голема несреќа, исто и во Баку, а потоа и Кина кога Безбедносното возило се појави во целосно погрешен момент за нас. Во Бахреин загубивме делови и моравме во гаражата по поправки и ако се погледне цела сезона, немаме добар старт.

Веројатно сме чиста спротивност од Мекларен кои имаат среќа цело време, високо во поредокот се и завршуваат трки и освојуваат поени. Ние сме целосна спротивност – смета французинот.

Сепак, Роман појаснува дека тие не се загрижени за пропуштените можности затоа што знаат дека имаат уште 17 трки до крајот за да надоместат.

Ако погледнете во 216 година доколку не завршувавме на 6то и 5то место на првите две трки, ќе имавме само 8мо место во Австрија и 10то во Америка и 5 поени наместо 29 колку што имавме.

Ни недостига среќа. Јас згрешив во Баку, тимот погреши во Мелбурн, се случува. Не е добро и не е корисно да гледаме кон назад и не треба да го правиме тоа. Тоа што се случи се случи и немавме среќа, но имаме 11 поени и знаеме дека имаме капацитет за повее. Повторно ќе кажам дека имаме 17 трки да се докажеме.


Гросжан: Сезоната на Хаас е целосно спротивна од таа на Мекларен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>