Францускиот возач на Хаас, Роман , смета дека по борбата во 2018 година, фабричката екипа на би требало да се плаши од нив претстојново првенство.

Рено успеа да стигне до 4то место и да ја завршат сезоната како најдобри од останатите со 29 поени предност во однос на Хаас. Се чини клучната предност беше направена во Монца кога американците беа многу блиску до Рено, но протестот поради подот на Гросжан од страна на французите доведе до дисквалификација на Роман и губење на поени.

Гросжан смета дека протестот покажал дека Рено биле исплашени од нив, иако се во тркачката серија само трета година.

тоа воопшто не беше спортски потег, но да, ги исплашивме, тоа е добро и така ќе биде и во иднина – смета роман.

Возачот на Хаас смета дека тимот преминал во друга лига сезонава, се нашле на врвот од средината од поредокот откако првите две Формула 1 сезони во нивната историја ги завршија на 8мо место.  Сепак, французинот смета дека мора да продолжат да се подобруват во сите аспекти за дополнително да напредуваат.

ние не произведуваме делови, ги произведуваат други компании за нас и понекогаш за тоа е потребно време, тоа е еден пример каде е нашата слаба страна. ако за друга екипа треба три дена да произведат некој дел, на нас ни требаат три недели.

подот поради кој не дисквалификуваа во монца, немавме време да го промениме, тоа беше единствениот проблем, додека придобивките во перформансите беа никакви, апсолутно никакви. немавме време да го добиеме новиот навреме за монца и рено го искористи тоа – заврши гросжан.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.