Гросжан признава: Трката во Германија ми го спаси местото

75
   

Роман Гросжан смета дека овогодинешната Голема награда на Германија била клучен момент во сезоната по кој неговата форма почнала да се подобрува, по што и неговоро место за следната година во Хаас било спасено. Американците минатиот викенд открија дека и следната годин Гросжан и Хаас ќе ги возат двата болиди.

Роман е дел од Хаас од нивниот влез во Формула 1 во 2016 година, но неговото место беше под закана по очајниот прв дел од сезоната, особено катастрофалните грешки од Азербејџан и Шпанија.

Германија беше моментот и знаев дека сфатив кои беа проблемите со кои се мачев претодно во сезоната. Знаев дека од Германија сум назад во форма – објасни французинот.

Роман имаше топ 5 пласман на првата трка во Австралија, но грешка при менувањето на гуми во тимот донесе до незавршена трка за него. Следните 8 трки не освојуваше поени, но во Австралија заврши лошата серјиа со пласманот на 4то место, најдобар резултат во Формула 1 историјата на тимот.

Бев убеден дека во одреден момент работите мора да се свртат, сезоната зигледаш полоша одошто беше, а понекогаш навистина немав среќа. Во Бахреин се возев во поени, но го загубив половина болид, а во Канаа не можев ни да се квалификувам. Во Силверстон мислев дека ќе ми тргне, но конечно се вратив во Германија и во Унгарија.

Роман појасни дека променил некои лични работи во однос на работата и личниот живот кои придонеле за враќање на формата. Исто така, тој и се заблагодари и ја пофали екипата кој му овозможила да се врати во форма пред да донесе одлука за следната година.

Знаат што имам направено за тимот и поради тоа беа трпеливи што е одлично. Сите тие се тркачки и го разбираат тркањето порадо што нема причина да не продолжиме како до сега. Има многу возачи кои сакаат да платат за да возат и да не земаат плата, така што не е лесно да се задржи местото.

Искуството е нешто што не се купува и мислам дека за екипа како Хаас која сеуште расне и се развива, искусен возач е многу важна работа – смета Гросжан.


Гросжан признава: Трката во Германија ми го спаси местото

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>