Гросжан: Повеќе поени ќе донесат поинтересни трки

43
   

Роман Гросжан верува дека проширување на моменталната структура на наградување со поени до 15то место ќе донесе повеќе забава во средина од поредокот и поголема борба на патеката. Возачот на Хаас сака поени за дополнителни 5 позиции од крајот на трката како награда за оние кои финишираат.

Не се наоѓам во позиција да победувам и поради тоа не сметам на толкави поени како оние од врвот. Она за што се бориме се 1 или 2 или 4 или 6 поени, понекогаш и 8, тоа е средината од поредокот.

Повеќе од тоа е навистина реткост и не се ни надеваме. Победа е победа и мора да остане важна, но зошто да не наградуваме до 15 то место. Сигурно дека борбата во средината од поредокот ќе стане посилна.

11то место е многу болно поради тоа што е прво што не носи поени, а со проширувањето ќе има борба до 15то место кое би носело поен. Ќе се добие на борба и ќе бите поинтересно. Во моментов шампионатот по 11то место е целосно мртов – смета Гросжан.

Французинот смета дека возач кој константно освојува поени, на крајот од сезоната може да има повеќе поени од некој што има подобри пласмани, но ретко завршува трки. Како и да е, убеден е дека системот ќе се покаже добро.


Гросжан: Повеќе поени ќе донесат поинтересни трки

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>