Роман смета дека менаџментот во Формула 1 треба да направи повеќе за да екипите од средина на поредокот бидат конкурентни на врвните поради што не очекува некое изненадување во однос на победник на трка се до 2021 година.

Либерти Медиа заедно со ФИА сакаат да спроведат ограничување на трошењето од 2021 година со цел да се изедначат екипите и да се намали заостатокот зад врвната тројка. Се до тогаш, французинот Гросжан не очекува победник кој не вози за Мерцедес, Ферари или Ред Бул.

мислам дека формула 1 трба да се подобрува преку повеќе шанси за победа на сите. не мислам дека тоа ќе се случи пред 2021 година. ако ја погледнете трката на средина од проедокот лани, таму беше доста возбудливо со менување на поредокот, но трката на врвот беше засебна. исеално е да имате колку што може повеќе тимови кои се борат за победа на секоја трка – смета роман.

Гросжан открива дека е охрабрен од сопственикот, Џин Хаас и неговата желба да го однесе тимот погоре во проедокот, но се сомнева во таа желба поради тоа што топ 3 екипите едноставно трошат премногу.

мислам дека луѓето како џин сакаат да вида подобра фформула 1. која е поентата да се тркате кога секогаш сте зад истите конкуренти.

ферари објавија дека ќе го зголемат буџетот годинава, ред бул открија колку потрошиле само за предното крило, а мерцедес исто така неуморно работат.

не ме сфаќајте погрешно, ние не спиеме, но се додека имаат толку ресурси, ќе постои голема разлика во развојот – заврши гросжан.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.