Гросжан: Не можев ништо да направам

199

По инцидентот во првиот круг на трката во Шпанија, Роман Гросжан потенцира дека не можел ништо да направи. Французинот се изврте со својот болид и со него ги собра Пјер Гасли и Нико Хулкенберг и пред време ги заврши нивните трки.

Го загубив задниот дел од болидот и се обидов да се вратам, но не ми успеа. Мислам дека не можев ништо да направам. Ако кочев болидот ќе пролизгаше на ист начин. Се обидов со додавање гас да го извртам и да не попречам други возачи. Но и тоа не успеа.

Тоа е човечки рефлекс и истото им се случи и на Нико Розберг во 2016 година и Михае Шумахер во 2010 година. Ако закочев ќе застанев на средина на патеката и ќе беше исто. За несреќа болидот почна да се движи кон средината и беше уште потешко – објасни французинот по трката.

Гросжан сеуште нема освоено бодови оваа сезона и по тоа е единствен заедно со Сергеј Сироткин.


Гросжан: Не можев ништо да направам

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>