Роман Гросжан, возачот на Хаас, не гледа поента Формула 1 болидите да се тркаат на толку голема надморска височина како што е Авторомот Ерманос Родригез во Мексико Сити. Големата надморска височина носи голем проблем со ладење на болидите и на асфалтот на патеката.

Во однос на ладењето страдаат многу компоненти што ќе биде огромен предизвик на трката. Сабота и Недела треба да биде попадно одошто во Петок, но ќе видиме.

Двајцата возачи на Хаас отпаднаа по првиот квалификациски сегмент, што им се случува втор пат по ред во Мексико. Французинот откри дека во Хаас се труделе да го срдат ладењето, што и успеале, но не толку колку што се надевале.

Мислам дека и Мерцедес го имаат истиот проблем, рекоа дека морале да го намалат моторот и така натаму. Верувам дека сите страдаат од истиот проблем поради што не гледам некаква смисла да се тркаме на патеки кои се наоѓаат на токлу голема надморска височина – зачуден е Рона.

Ривалите на Хаас за 4то место во поредокот, француската фабричка екипа на Рено, има два болиди во топ 10, но тие ќе мора да стартуваат на хиперсофт компонента која се покажа како најлоша.

За жал, мораме да имаме исклучително силна трка со двата болиди, а тие ни треба тие да останат без поени. Тие ќе бидат во многу тешка ситуација проади гумите, а ние не сме зад нив за да го искористиме тоа, така да далеку сме од добра позиција.

Но, многу работи може да се случат на трка, ништо не е исклучено, но на хартија ќе биде долго и тешко – заврши Гросжан.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.