Роман Гросжан откри дека не е загрижен од изјавите од Гунтер во документарецот на Нетфликс, затоа што признава дека бил лош на почетокот на минатата година.

Една од главните теми во серијата е формата на францускиот возач и многуте проблеми кои ги предизвика во текот на сезоната, поточно почетокот на 2018 година.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Гунтер на моменти со пцуење зборува кон Гросжан, а има и изјава на тимска вечера во Франција, на која Роман не е присутен.

роман не е тука, можеби е така затоа што во моментов нема поени или пак не го поканив затоа што не заслужува храна – изјавува стаинер на тимската вечера.

Роман сеуште ја нема изгледано целата серија, но и покрај тоа е искрен велејќи дека ставот на неговиот шеф не го загрижува.

го познавам гунтер, тој е многу искрен човек. тоа што го збори за мене не ми пречи, зборувавме и никогаш не сме се лажеле еден со друг, тој секогаш јас зборува вистината, а јас тоа многу го ценам.

искрено ако ми кажете да дадам оценка за мојот прв дел од сезоната, ни самиот јас не би бил нежен кон себе.

мислам дека вториот дел од првенството комплетно се сменив и се надевам дека ќе остане и сезонава.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.