Роман Гросжан изјави дека критичарите на Хаас не покажуваат почит кон тимот кој се бори со големите тимови со огромни буџети. Хаас е во блиска борба со Рено за четвртата позиција кај конструкторите, но нивниот возач беше дисквалификуван на Монца поради жалба од францускиот производител Рено.

Грожан изјави дека тимот не е многу загрижен од конкурентите поради тоа штоне се цени работата која тие ја вржат.

Тоа не насмевнува. Ферари Б тим. Така не нарекуваат. Не ги почитуваат луѓето кои работат на проектот. Во Формула 1 сме дошле на различни начини и сме се бореле за добра позиција во шампионатот. Против Рено кој има 700 вработени, Форс Индија кои беа навистина добри и Мекларен кои имаат огромен тим. Навистина е убаво да се види што сме направиле. Секогаш ќе гледаме среќни лица и некои помалку среќни.

Жалбата на Рено против Хаас се случи поради нелегалниот под на американскиот тим за кој не очекувале да биде обжален.

Ги добив вестите кога возев дома. Никогаш не е како што сакате. Да бидам искрен не ја знам целата приказна. Ќе се борам уште понапорно за да ги вратам поените за тимот, за да докажам дека сме постапиле по правила. Но сепак тоа ни дава дополнителна мотивација, и сигуран сум дека сега сме погладни.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.