Гросжан му се извинил на Магнусен

114
   

Роман Гросжан му се извинил на Кевин Магнусен за контактот во првиот круг во Британија, открива тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер. Тандемот се бореше за 7мо место по стартот и влегоа во 3от свиок силно, двајцата блокирајќи ги тркалата на сопирање.

Гросжан беше во внатрешниот дел и се излизга во Магнусен удирајќи го со предното лево тркало и штетувајќи го неговиот под. Двајцата загубија позиција поради сударот, но на крајот Магнусен стигна до 9то место, а Гросжан имаше судар со Карлос Саинз на Аби и предизвика Безбедносно возило.

Добра работа момци, но воопшто не сум среќен. Сите знаете зошто е тоа така. Не е доволно добро. Момци, заслужувате повеќе – беше гласен Кевин Магнусен преку тимското радио по крајот на трката.

Во својата изјава за медиумите по трката, Гунтер Стаинер откри дека Гросжан по крајот на трката ја искористил приликата да му се извини на данецот поради тоа што ја промашил точката на сопирање.

Контактот го видов на телевизија едно 5-6 пати по ред. Томан му се извини на Кевин. Мислам дека премногу долго чекаше да дојде до точката на сопирање.

Од болидот на Магнусен недостасуваше еден дел од подот така што видовте дека губевме потисна сила и баланс и не бевме конкурентни како што можевме.

Сметам дека Кевин се врати во трката одлично што успеа да ги донесе гумите на оптимално ниво и се справи со ситуацијата. Болидот не беше бавен иако имавме голема штета на десната страна од подот – појасни италијанецот.

Стјуардите го ставија инцидентот во Хаас под истрата, но по спроведување на истата решија да не казнуваат никој сметајќи дека сударот Хамилтон – Раиконен кој се случи неколку секунди претходно, влијаел на возачите на Хаас.


Гросжан му се извинил на Магнусен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>