Гросжан: Мислам дека имав одлични перформанси

37

Пофалби за Роман Гросжан кој ја подобри својата форма во однос на почетокот на сезоната, а кој во квалификациите за Сингапурското Гранд При беше доволно брз за осма стартна позиција, но и многу побрз од својот тимски колега, Кевин Магнусен.

Французинот беше скоро секунда побрз од данецот во К1, кој пак ја заврши сесијата на 16то место. Во меѓувреме, Гросжан успеа да стигне до К3.

Мислам дека имав одлични перформанси. Во мојот последен круг имав многу надуправување во свиокот 21. Претпоставувам дека изгубив околу 3 десетинки, така што ќе беше блиску со Серхио Перез. Знаете, Форс Индија беа многу брзи во Монако, а ова е ист тип на патека, така што сум помалку изненаден.

Штета е што и Кевин не успеа да се пласира повисоко. Мислам дека изгуби околу десетинка, а на патека како оваа, секогаш е тешко да се најде лимитот во К1. Не сакате да бидете преагресивни и да го оштетите болидот, но мора да бидете силни за да не бидете елиминирани. Трката ќе биде мошне долга. Хиперсофт пневматиците траат околу 3 круг, а потоа подобро да преминете на софт.

Ќе биде интересно утре. Ќе биде топло, најверојатно ќе има безбедносно возило и се надевам, добра форма во трката за да се бориме напред – изјави Гросжан.

Магнусен беше збунет околу својот недостаток на перформанси во Марина Беј.

Не беше случај само во квалификациите, јас не можев да го стигнам мојот тимски колега. Навистина е чудно. Немам одговор зошто наеднаш заостанувам секунда од темпото.

Како да немам доволно грип за да возам брзо. Кога имате болид кој е прилично добро балансиран, тогаш може да биде само пробем со недостаток на грип. Не знам, навистина. Фрустрирачки е. Се надевам дека ќе ги откриеме причините – изјави Магнусен.


Booking.com

Гросжан: Мислам дека имав одлични перформанси

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>