Гросжан конечно задоволен од сопирачките

56

Веќе 18 месеци Роман Гросжан се жали на сопирачките, но тој проблем американците по се изгледа веќе го решиле. Лани французинот дури и се плашеше за својата безбедност на одредени трки. Хаас се обидоа да го променат производителот на сопирачки и користеа Карбон Индустри наместо Брембо.

Ми се допаѓаат сопирачките кои ги користиме, немав проблеми со нив и чувството е совршено, така што тој проблем е решен.

Канада е патека која бара многу од сопирачките, но нашето ладење е одлично. На почетокот од трката кога болидот е полн со гориво може да се користи и техниката lift and coast.

Сакате да имате свежи сопирачки и да не ги прегревате за да ви траат до крајот на трката кога се обидувате да притискате и да се борите за позиција.

Кочењето е клучно на трки како Баку и Монако, но годинава тој проблем го немаме и поради тоа можам да притискам многу повеќе во болидот – смета Гросжан.

Американците ќе доаѓаат со многу новини во Канада кои ќе треба да се испитаат на петочните тренинг сесии, нешто што самиот Гросжан потврди дека е многу важно. Сепак, разликите во температурите помеѓу Монако и Канада ќе бидат клучни поради менаџирањето на гумите.

Компоментите на гумите ќе бидат прв приоритет да се разберат со користење на новиот пакет. Патеката е различна од претходната, има могу брзи правци така што сетирањето е многу различно.

Температурите многу влијаат на гумите, а во моментов не ги разбираме многу хиперсофт пневматиците.

Ќе видиме како ќе биде во Монтреал, може да биде многу топло и многу ладно. Се надеваме на убав сончев викенд – најави Гросжан.


Гросжан конечно задоволен од сопирачките

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>