Гросжан и Хаас немаат рокови

94

Роман Гросжан откри дека немаат цели согласно кои тој треба да си го заработи продолжувањето на престојот во Хаас. Французинот нема освоено поени сезонава, а имаше аматерски грешки на последните две трки кои беа силно критикувани во медиумите.

Гунтер Стсаинер му даде поддршка на својот возаж велејќи дека неговата иднина во екипата не е доведена под знак прашалник.

Не размислувам многу за нов договор, но во еден момент ќе мораме да седнеме и да разговараме и за тоа, но сепак во моментов сме многу пофокусирани на престојната трка.

Нема некои специфични цели кои треба да ги постигнам за да останам во екипата. Тие знаат што јас можам, а и јас ги знам нивните квалитети. Јас бев прв во овој проект на Хаас затоа што видов дека е поинаков, интелигентен пристап во Формула 1 и дека може да донесе резултати. Во нашата трета година во тркачката серија, веројатно го имаме 4от најбрз болид на гридот.


Гросжан и Хаас немаат рокови

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>