Роман Гросжан сеуште верува дека ќе има долга Формула 1 кариера и потенцира дека има незавршена работа во Хаас. Французинот е едно од најголемит еразочарувања сезонава откако успеа да стигне во поени дури на 9та трка во првенстовот, а како резултат на тоа, преродените Хаас сеуште не се најдобри од останатите каде со оглед на перформансите припаѓаат.

Не сум задоволен од својата кариера до сега и сеуште верувам дека ќе бидам во Формула 1 уште долго време. Не сметам дека сум стар и никој не знае што ќе се случи во 2021 година поради што сите договори засега се потпишани до 2020 година. Да видиме што ќе се случи со тркачката серија потоа, а засега јас сум во одлична екипа. Горд сум на она што го работам минатите 2,5 години и мислам дека имаме уште недовршена рабтота пред нас – објасни Гросжан.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Французинот сепак е подобар на последните четири трки освојувајќи поени во три наврати, но е свесен дека мора редовно да финишира во топ 10 за да ги со зачува местото во најмладата екипа на гридот.

Немав добра прва половина од сезоната, но не се работи само за случките од првите 12 трки. Јасно е дека сакам да ја вратам формата и сакам редовно да освојувам поени, но тоа можам да го правам доколку немам повеќе проблеми.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.