Роман е горд што се вратил во борбата против својот тимски колега сезонава и смета дека направил одлична работа со перформансите во вториот крај на сезоната откако ја почна 2018 година многу лошо.

На првите 8 трки од календарот, французинот не успеа да освои ниту еден поен, во Австралија тимот погреши со менување на гуми, додека во Азербејџан и Шпанија лично тој имаше недопустливи грешки. Во истиот период, Кевин Магнусен стигна до 27 освоени поени, но во Австрија Гросжан се врати со 4то место, а заврши во поени 10 пати на следните 12 трки.

На крајот од сезоната французинот имаше 45 освоени поени, 11 помалку од Кевин Магнусен, но имаше и дисквалификација од 6то место поради нелегалниот под на болидот во Италија.

тој освои многу поени рано во сезоната, а јас во тој период немав ништо. тука се и 8те поени кои ми ги одземаа од монца, тоа се доста поени. ако анализирате од германија до крајот мислам дека бев подобриот возач.

рано во текот на сезоната тој правеше одлична работа, беше 5ти во бахреин, тоа се 10 поени, продолжи силно без никакви проблеми и грешки само нижеше поени. разликата е голема, но беше и многу поголема и мислам дека одлично се вратив во игра. дури и на квалификациите бев доста зад него, но и таму се изедначивме – анализира гросжан.

Роман го победи Кевин 10 пати на квалификациите, а на последните 5 трки се квалификуваше 4 пати пред него. Французинот кој имаше аматерски грешки на неколку трки на почетокот од календарот изјави дека пресвртот бил поради тоа што морал да стави одредени работи во неговата глава на правилно место.

секако дек бев фрустриран, бев вознемирен и беше многу тешко. бев многу критикуван, но знаев дека “ќе ми тргне“, ќе се средам и ќе се вратам во ритам. имав неколку грешки, имав и лоша среќа, работи кои не требаше да ми се случуваат поради искуството.

како и да е секогаш е важен начинот на кој реагиреате и на кој се враќате во игра. во спортот нема средина, или сте добар или не сте добар, средината никогаш не е опција – заврши гросжан.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.