Роман Гросжан, возачот на Хаас, е задоволен со двојниот финиш во поени на тимот, но призна дека бил фрустриран од трката и можел многу повеќе од само 10 то место и еден поен.

Ова беше трета трка во поени сезонава за французинот, заврши на последното место кое носи поени, додека неговиот тимски колега Кевин Мганусен беше 7ми. Овие 7 поени од Гунгароринг им го донесоа самостојно 5то место во конструкторскит поредок, место кое до оваа трка го делеа со Форс Индија.

Двајца возачи во топ 10 е навистина добар резултат, но трката за мене беше фрустрирачка и мораме да разбереме како да менаџираме подобро со гумите во вакви услови. Минав 50 кругови зад Карлос Саинз, а бев половина секунда до секунда побрз од него. Штом се доближите до болидот пред вас, навистина нема што да направите за да минете.

Штета што беше така, но се на се завршивме одлична работа, го минавме Нико Хулкенберг и Брендон Хартли кои почнаа пред нас и докажавме дека имаме одличен ритам.

Општио гледано имаме одличен ритам цел викенд и како шлаг на тортата е двојниот пласман во поени. Имавме навистина силен викенд, но ритамот беше далеку подобар од само 10то место за мене – заврши Гросжан.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.