Гросжан доби казна на стартот во Монако

527

Роман Гросжан доби казна од три места на стартот на следната трка во Монако по сударот кој го предизвика во првиот круг од Шпанското Гранд При. Возачот на Хаас сметаше дека не е виновен за извртувањето на 3от свиок во кое со себе ги повлече надвор од трката и Хулкенберг и Гасли.

Возачот им објасни на стјуардите дека во моментот почувствувал дека ќе биде однесечен на средина од патеката и поради тоа донел одлука да притисне на педалот за гас со цел да избега десно од патеката за да се тргне од патот на останатите болиди. Сепак, во тој негов обид со себе ги повлече болидите со број 27 и 1.

Возачот потенцираше дека донел одлука да мине на другата страна од патеката со це да избегне други болиди затоа што почувствувал дека тоа било најдобра опција во моментов.

Стјуардите сметаат дека е шпекулација во однос на тоа каде ќе завршел болидот доколку се одбрале други алтернативи, но минување на патеката пред други болиди кои одат во група сигурно носи судар. По прегледувањето на видеото стјуардите увиделе дека болидот се наоѓа лево и речиси целосно надвор од патеката кога прави одлука да мине на другата страна – гласи соопштението од ФИА.

Освен кзната од 3 позиции на стартот во Монте Карло, тој добива и 2 казнени поени на својата суперлицнца, по што има вкупно 5 во последните 12 месеци.


Гросжан доби казна на стартот во Монако

8 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>