Возачот на Хаас, Роман Гросжан, е дисквалификуван од пласманот на шесто место за Италијанското Гранд При откако подот на неговиот болид беше оценет како нелегален. 

За легалноста на подот на болидот на Хаас се пожалија ривалите Рено, откако Гросжан се пласираше на шесто место пред возачот од француската екипа, Карлос Саинз. По дисквалификацијата, двајцата возачи на Форс Индија, Естебан Окон и Серхио Перез беа промовирани на 6 и 7 место, додека Сергеј Сироткин сега е во топ 10 со првиот освоен поен.

Стјуардите објавија своја изјава во која е опишано прекршувањето на правилата.

Рено поднесоа дека Член 3.7.1.д од Техничката Регулатива на ФИА Формула 1 првенството вели дека радиус од 50мм мора да биде применет на секој преден агол од референтната точка. Описот во овој Член е применет на поинакви начини од неколку различни екипи и беше побарано објаснување. Како резултат, на 25 Јули 2018 година беше објавено појаснување, што всушност им овозможи на тимовите да бидат во рамки на правилото до трката во Монца.

Рено обезбедија фотографија од болидот со број 8, која според нив го покажува делот и дека истиот на стартот на трката во Монца не бил во рамките на правилата, како што е појаснето во дополнувањето, а поради тоа ја протестираат легалноста на болидот број 8.

Од екипата на Хаас ги известиле стјуардите дека иако се запознаени со појаснувањето на правилото, тие биле во контакт со одговорното лице на ФИА за технички прашања во однос на едноседи, а во исто време и ја прикажале размената на емаил пораки. Хаас понудиле решение за својот проблем, но во размената на емаил пораки, истакнуваат дека поради проблем со снабдувачи и летната пауза, корекцијата на проблемот би се случила во Сингапур.

Одговорниот на ФИА за технички прашања во истата комуникација ги известил американците дека иако ги разбира проблемите со снабдувачите, сепак појавувањето во Монца без корегиран дел би ги оставило како цел на другите тимови да поднесат жалба.

Стјуардите побараа делот кој е во прашање да биде запечатен додека одлуката не се финализира. Во меѓувреме, Хаас Ф1 имаат право на жалба за оваа одлука.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.