Гросжан верува дека се ќе биде во ред

64
   

Роман Гросжан е сигурен дека Хаас ќе го средат неговиот болид на време откако имаше судар за време на првата петочна тренинг сесија. Французинот се изврте и заврши во оградата на првиот свиок Аби откако се обиде да го мине истиот со користење на ДРС што е дозволено оваа година, но неговиот ВФ18 не додржа.

И покрај сударот тој заврши на 7мо место на сесијата, но проблем е тоа што не учествуваше на попладневниот тренинг поради големите оштетувања на болидот. Сепак, механичарите од утре изутрина ќе работат на поправка на болидот.

Болидот беше многу брз утрово и го затворив ДРСот доста доцна тој круг. Аеродинамичкиот тек на воздухот не се поврати, го загубив задниот дел и тоа е штета затоа што сакав да возам и да се подобрам на Т2.

Го гледав Кевин Магнусен цела сесија и следев што тој прави и мислам дека можам подобро утре, но ритамот кој го имавме утрово беше одличен, болидот го чувствував стабилно така што ќе биде во ред.

Ударот не беше голем, но мислам дека предното тркало целосно отпадна и оштети доста делови од шасијата. Поради тоа полесно е да се промени цела шасија одошто да се поправа и да се наруши аеродинамиката и поради тоа решивме се да промениме – појасни Гросжан.


Гросжан верува дека се ќе биде во ред

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>