Роман Гросжан беше среќен со своите перформанси на Руското Гранд При се додека не сфати дека иако беше пред Маркус Ериксон и се бореше со двата болида на Рено, тој сепак беше надвор од поени откако го претекнаа двата болида на Ред Бул.

Бев многу разочаран со тоа. Мислев дека сум извозел добра трка. Имав проблеми со темпо цел викенд, но во трката се почувствував подобро.

Бев среќен што Маркус е позади мене, а потоа се тркав против двата болида на Рено и ги претекнав. Но тогаш сфатив дека сум само на 11то место.

Претпоставувам дека Ред Бул стартуваа од позади, но по пет кругови тие веќе беа во топ 6. Заубер беа исто така многу брзи, како и Форс Индија. Ние само  си ги задржавме позициите. За жал за мене, два болида ме претекнаа – изјави Гросжан.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.