Раиконен: Можев до трето место

209
   

Кими Раиконен вели дека е штета што не се пласирал на трето место во квалификациите за Јапонското Гранд При, кога Скудерија направи голема грешка во стратегијата.

И Раиконен и Фетел излегоа на интермедиа пневматици во К3, прогнозирајќи врнежи од дожд на почеток на сегментот. Дождот не се појави според нивните прогнози, поради што нивниот летечки круг дојде подоцна.

Додека Ферари извозеа круг, дождот започна посилно да врне, а патеката почна да се менува. Финецот успеа да постави 4то најбрзо време позади Макс Верстапен, но не успеа да го подобри во вториот обид поради грешка во Spoon свиокот.

Раиконен изјави дека тимот сметал дека дождот ќе се појавел на крајот на сесијата, но тајмингот бил погрешен кога излегол на патеката.

Условите беа помешани и квалификациите беа тешки. Во К3 мислевме дека дождот ќе дојде порано и одлучивме да излеговме на интермедиа. За жал тоа не се случи и потоа тајмингот беше погрешен. Влеговме за суперсофт, но во свиокот 14 поминав преку влажна површина, отидов прешироко и изгубив време.

Очигледно 4то место не е идеално, но барем успеавме да извозиме брз круг и покрај грешките. Трета позиција беше на дофат. Штета е што не успеавме, болидот беше се подобар и подобар во квалификациите. Трката ќе биде тешка, но ќе дадеме се од себе – изјави Раиконен.


Раиконен: Можев до трето место

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>