Роман Гросжан призна дека за малку ќе се откажел од тркањето за готвење.

Во 2009 година на Гросжан му беше соопштено дека нема повеќе да се трка за Рено. Французинот одлучи да замине за Париз и да се посетува школо за готвење. Сепак, бил одбиен поради тоа што на 24 години бил премногу стар.

Очекував да имам место во екипа за 2010 година. Мислев дека добро се тркав. Мислев дека се движев во правилна насока. Можеби знаете, но политиката во Формула 1 е прилично … издржлива.

Се обидов да се однесувам како дебитант, Но потоа слушнав дека сум бил “арогантен“ и дека имам големо “его“. Тоа всушност не е точно. Само бев срамежлив. Јас бев јас. На некои луѓе не сум им се допаднал, а на 31 Јануари добив повик од Ерик Булие, тимскиот шеф на Рено.

Тој ми пренесе: Роман, жал ми е што ќе кажам ова, но да, потпишавме со Витали Петров за местото. Го спуштив телефонот, мислејќи дека мојата Формула 1 кариера е завршена. И веднаш почнав да се пакувам.

Се качив на воз од Женева до Париз. И се јавив на мојата девојка, сега моја жена, да ја известам дека ќе ја посетам и дека имав вести околу мојата кариера. Дека ќе бидам готвач. Да, готвач.

Пораснав обожувајќи храна. Ја гледав мојата мајка како готви превкусни ќофтиња. Сеуште го паметам мирисот на сирење во нашата кујна, вкусот на чоколадото за десерт. Исто така, чоколадото е моја религија. Може маица да направите од тоа!

За жал, или можеби среќа, никогаш не стигнав до тоа. Всушност отидов до школо за готвење во Париз. Но не ми дозволија да се приклучам. Може ли да верувате во тоа? Ми рекоа дека сум премногу стар. Премногу стар! Имав 24 години. Тоа беше тоа. Нема готвење – заклучи Гросжан.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.