Големи промени во сетапот му помогнале на Хамилтон во Унгарија

337

Луис Хамилтон изјави дека големи промени на болидот по петочните сесии во Унгарија му помогнале на патот до победа во трката. 

Мерцедес имаа потешкотии во првите сесии, пласирајќи се на петто и шесто место, со заостанување од 0.4, односно 0.7 секунди позади најбрзиот. Патеката во Унгарија не му одговара на дизајнот на болидот на Мерцедес, а Себастијан Ветел се сметаше за фаворит за победа, но Хамилтон ги искористи променливите временски услови во квалификациите и стигна до пол позиција, а потоа и до победа во трката.

Од Петок до Сабота направив голема промена на болидот. Направив голема промена во Т1, не бев сигурен во балансот.

Тешко е да се направи промена во Т1 бидејќи мора да се подобри патеката, наместо вие да го откривате сетапот. Веднаш направив промена, но до крајот на Т2 сфатив дека не е правилната насока, така што се обидов повторно.

Поминавме кругови на трето место, а болидот сеуште не беше совршен. Не направив промени пред квалификациите, но знаев дека Валтери беше добар на втората позиција и не се движевме во премногу различни насоки.

Се што ќе научивме во Петок, не беше совршено, начинот на кој возев, користењето на пневматиците, потоа во Недела бев најдобар. Во Петок не сум секогаш најдобар – изјави Хамилтон.

Хамилтон возеше 25 кругови на ултрасофт пневматици, 10 подолго од Ботас. Тоа помогна во справување со подобрата форма на Ветел, кој беше на алтернативна стратегија мислејќи дека Хамилтон ќе влезе порано и ќе биде на стратегија од две влегувања во бокс.

За разлика од Ботас, Хамилтон успеа во стратегија со едно влегување и ја зголеми предноста во генералниот пласман на 24 поени пред летната пауза.

Ултрасофт траеја подолго одколку што мислев. Во Т2 имав проблеми со нив, но поради различниот сетап.

Се мачев на почетокот со софт пневматици, а потоа имавме и малку сообраќај, но го најдов совршениот баланс. Потоа имав добри времиња и направив разлика. Знаев дека ми треба предност додека тие беа позади Валтери.

Стратегијата на која беше Валтери, не изгледаше дека ќе издржи до крај. Знаевме дека ќе биде тешко да се победи, дури и за мене. Дефинитивно мислам дека тимот не очекуваше да издржам при првиот стинт – додаде Хамилтон.


Големи промени во сетапот му помогнале на Хамилтон во Унгарија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>