Ако постои награда за најдраматичен последен круг од Гранд При трка, тоа дефинитивно би било Бразилското Гранд При во 2008 година кога Луис Хамилтон ја освои титулата пред Фелипе Маса со само 1 поен пердност, откако го претекна Тимо Глок во последниот круг.

Веднаш по трката, се појавија огромни обвинувања за заговор помеѓу Глок и Хамилтон.

Имаше неколку новинари кои беа многу агресивни, особено од италијанската страна, покажувајќи кон мене и велејќи дека сум го сторил тоа намерно и дека било планирано пред трката, колку ми платиле Мерцедес (снабдувачот на Мекларен) и Луис.

Тоа беше ситуација во која не верував дека ќе бидам учесник. Не можев да верувам дека луѓето веруваат во такви глупави помисли, дека сум го планирал тоа со Луис пред трката. Од каде да знаеме како ќе се одвива времето и дека ќе се промени пред трката?

Моето семејство доби и писма, татко ми, мајка ми, во кои пишуваше дека сум го направил тоа намерно и дека луѓето треба да ме убијат, дека не треба да сум во спортот повеќе. Не можев да верувам колку лоши луѓе има. Беше прилично екстремно.

Секоја година, секој Ноември, ме прашуваат истото. Сега помалку, откако преку видеото се гледа колку се мачев во тој последен круг.

видеото ја смири ситуацијата целосно. Не знам зошто требаше толку време, но ниту ми текна да прашам некого за тоа видео. Но им помогна на луѓето да ја разберат ситуацијата, дека немаше никаква тактика позади сето тоа и дека беше само предизвик да се остане на патеката – вели Глок.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.