Главниот аеродинамичар замина од Вилијамс

142

Дирк де Беер, главниот за аеродинамика во Вилијамс, ја напушти екипата од Гров. Тимот има очаен старт на сезоната и освои само 4 поени на првите 6 трки од 2018 година.

Роберт Кубица, тест возачот на екипата го опиша болидот како срамно бавен и претежок за да се заврши на патеката, а Ленс Строл придодаде дека тие не се тркаат туку преживуваат.

Минатиот месец и главниот дизајнер Ед Вуд ја напушти екипата, така што Де Беер е второ звучно засилување казнето поради лошиот овогодишен дизајн.

Вилијамс потврдува дека Дирк Де Беер нема повеќе да ја врши улогата на главен аеродинамичар почнувајќи веднаш. Екипата сака да му се заблагодари на Дирк за напорната работа низ годините и да му посака се најдобро за во иднина.

Главниот инженер, Даг Мекиернан кој дојде во Вилијамс на почетокот од оваа година ќе ги превземе сите одговорности во врска со аеродинамиката и дизајнот на болидот, а Дејв Витер, поранешниот прв човек во аеродинамичкиот оддел, ќе ја превземе старата позиција – изјави портпаролот на Вилијамс за Autosport.


Главниот аеродинамичар замина од Вилијамс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>