Германците сметаат дека Хонда е на само 50 “коњи“ од Мерцедес

557
   

Според пишувањето на германски Auto Motor und Sport кои ги анализираат моторите во Формула 1 на секоја трка, Хонда заостанува зад Мерцедес само 50 коњски сили во однос на моќта, по последната спецификација која јапонците ја извадија на својата домашна трка.

Многу врева се крена околу новиот мотор на Хонда, нивна трета спецификација годинава, а речиси сите се согласија дека во однос на моќта, Рено е веќе зад нив. Тоа изгледа дека е точно ако се анализираат квалификациите на Сузука, кога двата болиди на Торо Росо се квалификуваа во топ 10.

Пред стартот на новата сезона ќе има уште една нова спецификација која ќе ни дозволи на некои трки да се бориме за победи. Малиот заостаток не треба да е крај на светот затоа што ќе компензираме со шасијата. Цел ни е титула уште следната година и мислиме дека тоа е реално. Новите правила во однос на предното крило многу ќе ни помогнат – најави Хелмут Марко.

50те коњски сили заостаток може дополнително да се намалат на почетокот на следната сезона ако му се верува на Марко. Свесен дека “биковите“ со мотор на Хонда ќе бидат голема закана следната годиана е и првиот човек на Мерцедес, Тото Волф.

Моторот на Хонда изгледа доста конкурентно, а Ред Бул и онака е одлична екипа – поврди Волф.


Германците сметаат дека Хонда е на само 50 “коњи“ од Мерцедес

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>