Во Хокенхајм сеуште веруваат дека може да си обезбедат место на Формула 1 календарот следната година помогнати од успешното Германско Гранд При сезонава. И покрај 4те последователни шампионски титули на Мерцедес и фактот дека германецот Себастијан Ветел вози за Ферари, трката не успеваше да фиде финансиски исплатлива ов последно време.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Хокенхајм и Нирбургринг се менуваа во организацијата од 2008 до 2013 година, но потоа Нирбургринг се откажа поради финансиски потешкотии. Но, годинешната трка на Хокенхајм беше вистински успех со 71.000 гледачи само на трка што е 20% повеќе од просекот во Формула 1 во последните 10 години.

Нирбургринг не ни сакаат д преговараат со Либерти Медиа за можна организација во периодот кој следи, така што Хокенхајм изгледа единствена опција.

Логично е дека ние преговараме и дека се немаме откажано и ја сакаме Формула 1 – изјави Георг Сеилер, шефот на Автодромот.

Плановите на американците за трка во Мајами уште следната година не се остварија, така што најголемиот град на Флорида би можел да ја нагости тркачката серија најрано од 2020 година, а како уште една изводлива опција се споменува трка низ главниот град на Виетнам.

Со последниот развој на настаните, германците би можеле да останат на календарот и догодина со што не би се намалил бројот на трките, откако американскит есопственици силно притискаат за поголем број на трки во календарот. Но, Сеилер потенцираше дека не сака еднократна организација на трка.

Наша намера е не само да пополниме некаква празнина на календарот следната година, туку да најдеме долгорочно решение за да останеме во календарот.

Минатиот месец, Шон Брачес за Ројтерс изјави дека трката во Германија сеуште е “на маса“ но и дека Германија заедно со Британија и Австрија се посебен предизвик поради тоа што немаат владина поддршка. Германскиот министер за транспорт Андреас Шурер беше дел од состаноците со Либерти и потврди дека државата дава симболична поддршка за организација.

Не сме подготвени да развееме бело знаме за Германија во 2019 година затоа што сите сакаат да успее трката. Во таа прекрасна земја има многу убави автодроми – потврди Брачес.

Но и покрај тоа што Германија има огромна традиција во тркањето, Хокенхајм е единствен Формула 1 избор затоа што Нирбургринг не сака да организира трка, Ошерслебен и Лаушицринг немаат потребна дозвола од ФИА, додека Сашенринг е патека за трки со мотори. Формула Е имаше обид низ улиците на Берлин, но обидот траеше само една година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.