Германски медиуми: Фетел пати од “Верстапен комплекс“

427
   

Германскиот весник Bild објавува дека возачот на Ферари, Себастијан Фетел, пати од “Верстапен комплекс“, анализирајќи ги неговите контакти со Макс Верстапен во последните две години, во шест наврати.

Минатиот викенд во Јапонија, контактот се случи повторно. Како што Фетел се обиде да надомести позиции и да ги стигне болидите на Мерцедес кои беа на првите две позиции, тој мораше да го престигне холанѓанецот на третата позиција.

Кога го направи својот маневар, тој немаше доволно простор и дојде во контакт со болидот на Ред Бул, извртувајќи го своето Ферари и уништувајќи ги своите минимални шанси за победа, особено по претрпената штета.

Првиот судар меѓу двајцата возачи се случи во Мексико во 2016 година, следено со три контакти во 2017 година во Силверстон, Сингапур и повторно во Мексико. Потоа следуваше серија во Кина годинава, кога Верстапен удри во Фетел, а германецот ја завршува серијата со Сузука минатиот викенд.

Но дали истата навистина е завршена?


Германски медиуми: Фетел пати од “Верстапен комплекс“

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>