Дождот комплетно го уништи последниот тренинг со неколку поставени времиња за еден час. Квалификациите се доведени во прашање бидејќи патеката е доста влажна.

Ниту Ферари и Мерцедес не изгледоа на патеката во првите 45 минути додека Ред Бул извозеа по еден круг.

Шарл Леклер беше на врвот на табелата на тренингот. Нико Хулкенберг прв постави време додека неговиот тимски колега Саинз се изврте.

Повеќе внимание се посвети на гаражата на Мерцедес, со претпоставка дека Луис Хамилтон е болен. Ботас излеззе од гаражата на стартот на тренингот а Хамилтон никаде го немаше. Во еден момент лекар влезе во собата на Хамилтон за после 10 минути и тој да се појави.

Маркус Ериксон прв излезе на патеката по зеленото светло за да се врати на патека по 30 минути. Гуми за екстремно мокро користеа сите возачи.

При крајот на сесијата Леклер беше прв и го собори времето на Хулкенберг. При крајот на сесијата Себастијан Ветел едвај комплетираше круг и заостануваше 0,046 секунди.

Подоцна Сироткин по помина времето на Ветел и со тоа речиси победија на тренингот, се додека Леклер не постави уште подобро време. 


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.