Германија, Т1: Рикардо за влакно пред Луис на Т1

428

Даниел Рикардо го постави најбрзото време по првите 90 минути на Хокенхајмринг. Остварувањето на австралијанецот беше само 4 илјадити делови од секундата побрзо од она што го извозе Луис Хамилтон на Мерцедес, а 2 десетинки побрзо од неговиот тимски колега, Макс Верстапен.

Ветел беше 4ти со десетинка зад Верстапен, Ботас 5ти и Кими 6ти и тие беа единствени во иста секунда со водечкото време. Седмо и 8мо време поставија болидите на Хаас, Гросжан 2 десетинки побрз од Магнусен, 9то време постави Шарл Леклер, а последен во топ 10 беше Нико Хулкенберг.

Проблеми на почетокот од сесијата имаа во Хаас откако одпадна дел од поклопецот на моторот.

Брендон Хартли со 36 кругови и Макс Верстапен со 34 кругови беа најактивни на сесијата, Карлос Саинз имаше проблеми и мина само 10, а двајцата возачи на Мекларен заедно комплетираа 27 кругови.


Германија, Т1: Рикардо за влакно пред Луис на Т1

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>