Луис Хамилтон стигна до драматична победа на Германското Гранд При, стартувајќи од 14то место на гридот, истата подарок од неговиот ривал во првенството, Себастијан Ветел, кој прерано ја заврши трката по аматерска грешка која следеше по ненадејните врнежи на дожд. Валтери Ботас ги послуша наредбите од Мерцедес и го задржи второто место, додека Кими Раиконен од Ферари заврши како третопласиран.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ветел ја имаше челната позиција во наголемиот дел од трката, стартувајќи од пол позиција, но излета во 52 круг во свиокот 13.

Хамилтон стартуваше од 14то место по пеховите во вчерашните квалификации и ги искористи врнежите од дожд кои создадоа хаос на патеката за повеќе возачи на мазни пневматици, меѓу кои беше и Себастијан Ветел што доведе до излегување на Безбедносното Возило. Во целиот тој хаос, на момент што изгледаше како 1-2 победа за Ферари, се претвори во 1-2 победа за Мерцедес.

Во текот на целата трка, тимовите постојано се обидуваа да ги прогнозираат временските услови и повеќето возачи останаа на пневматици за сува подлога, а невремето помина и патеката повторно се исуши.

Тимскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас, имаше одличен рестарт по Безбедносното Возило, беше побрз од британецот и се обиде да го претекне во серија на маневари, но ризикот да се изгуби потенцијалната 1-2 победа го натера стратегот на Мерцедес, Џејмс Вауелс, да му посочи на Ботас да ја задржи позицијата позади Хамилтон.

Позади Кими Раиконен, кој во еден момент водеше во трката и му беше насочено да ја предаде позицијата на Ветел, заврши Макс Верстапен од Ред Бул. Холанѓанецот беше еден од возачите кои ризикуваа и премина на интермедиа пневматици кога започна дождот во само еден дел од патеката.

Два кругови покасно, Верстапен се врати во боксовите по мазни пневматици, но во тој момент целата патека беше преплавена со извртувања, што доведе до Безбедносно Возило. Трката не беше толку среќна за неговиот тимски колега, Даниел Рикардо, кој мораше да се откаже од трката поради проблеми со агрегатот.

Нико Хулкенберг заврши на петто место за Рено, пред Роман Гросжан, кој имаше одличен подем во завршницата. Двата болида на Форс Индија завршија на 7 и 8 место, додека Маркус Ериксон и Брендон Хартли ја комплетираа листата на освојувачи на поени.

На стартот од трката, Ветел поведе од Ботас, Раиконен и Верстапен и беше во удобно водство на домашната трка. До 25 круг Ветел имаше предност од 5 секунди пред Ботас кога влезе во бокс и премина од ултрасофт на софт пневматици. Раиконен беше првиот од водечките кој влезе во бокс во 14 круг, а по влегувањето на Ветел, Кими имаше минимално водство.

Пет возачи не ја завршија трката, Даниел Рикардо, Сергеј Сироткин, Себастијан Ветел, Ленс Строл и Фернандо Алонсо.

По сударот на Ветел, Хамилтон со победата го превзема водството во генералниот пласман со предност од 17 поени пред Ветел, додека Мерцедес сега води во конкуренција на конструктори пред Ферари со предност од 8 поени.


18 КОМЕНТАРИ

    • Маријан Раиконен е измислен за Ветел грешката е во Ферари , и ми е чудно како можеше да излета и да удри .

    • Nikola Dimovski Makedonski да бе Раиконен има 4титули не Ветел, нормално дека ти е чудно кога немаш поим

    • Nikola Dimovski Makedonski тоа што нема титула 10 години за ферари не е само до возачите цел тим е одговорен, а иначе се знае во секој тим кој е возач бр.1 🙂

    • F1 ne e BINGO,pa da se nadevas na sreka.Treba znanje i umesnost,i pred se,dobra taktika od timot.Sumaher i Zan Tod se izmisleni za bilo koi spojki od bilo koj tim.

    • F1 ne e BINGO,pa da se nadevas na sreka.Treba znanje i umesnost,i pred se,dobra taktika od timot.Sumaher i Zan Tod se izmisleni za bilo koi spojki od bilo koj tim.

    • Oni bea mozok tocno e ama sakam da kazam deka edni ke gubat drugi ke pobedat I taka na koj I da se ke mora da se naviknat deka ima pobrzi od niv a ovaa godina 3 – 4tima se brzi ili mnogu blisku

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.