Германија: Ветел со рекорд до 55та пол позиција, драма за Хамилтон

4358

Себастијан Ветел се квалификуваше на пол позиција за Германското Гранд При, додека ривалот во борбата за шампионската титула, Луис Хамилтон, ја заврши сесијата на 15то место по проблеми со менувачката кутија во првиот сегмент.

Возачот на Ферари беше на пол позиција по прваѕа серија на брзи кругови во К3, притоа сите возачи користеа ултрасофт пневматици, но беше предизвикан од вториот болид на Мерцедес, возен од Валтери Ботас, во вториот обид од финецот.

Ботас за момент беше на пол позиција со време од 1:11.416 по одличен круг, што доведе до прерани реакции на возбуда од страна на тимскиот шеф, Тото Волф. Прерани бидејќи Ветел, кој беше најбрз во првите два сектори, ја врати пол позицијата во свои раце со време од 1:11.212, што воедно е и нов рекорд на патеката.

Второто Ферари на Кими Раиконен беше трето најбрзо, 0.335 позади Ветел. Кими повторно изгледаше во одлична форма и беше потенцијална закана за пол позиција.

На четвртто место се квалификуваше Макс Верстапен од Ред Бул, само 3 десетинки позади Раиконен, но го искористи и отсуството на Хамилтон, на кој пак му беше кажано да го прекине својот круг во К1 откако изгуби еден степен во менувачот, што следеше по возење прешироко во свиокот 1.

По враќање на патеката, Хамилтон помина преку нерамна површина, што беше силен удар за неговиот болид. Луис се обиде да го врати болидот до боксовите, но на крајот го паркираше во свиокот 10. Хамилтон ќе стартува една позиција понапред, од 14то место, благодарејќи на казните на Даниел Рикардо.

Дуото на Хаас, Кевин Магнусен и Роман Гросжан, се квалификуваа во третиот ред на петто и шесто место, додека Нико Хулкенберг од Рено се пласираше на 7 позиција. Второто Рено на Карлос Саинз се квалификуваше на 8 место.

Уште еден одличен приказ за младиот Шарл Леклер од Заубер, кој по осми пат се квалификуваше во топ 10 оваа сезона. Тој ќе стартува од 9 место, додека од десетата позиција ќе стартува Серхио Перез од Форс Индија.

На 11 место се квалификуваше Фернандо Алонсо, со шест десетинки позади Перез. Позади него изненадувачки пласман имаше Вилијамс со Сергеј Сироткин, кој ќе стартува од 12 место. Маркус Ериксон беше најбавен во вториот сегмент и ќе стартува од 13 место. Позади него се Луис Хамилтон и Даниел Рикардо.

Во првиот квалификациски сегмент, од 16 до 20 место, се пласираа Естебан Окон, Пјер Гасли, Брендон Хартли, Ленс Строл и Стофел Вандорн.


Германија: Ветел со рекорд до 55та пол позиција, драма за Хамилтон

16 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>