Поранешниот технички директор на Џордан, Гери Андерсон, смета дека погрешиле што го промениле Маурицо Аривабене со Матиа на чело на Формула 1 екипата.

Матиа беше технички директор на Скудериај од средиан на 2016 година откако на таа позиција беше поставен од починатиот Серџо Маркионе и тој е одговорен за два фантастични болиди кои се бореа редовно со Мерцедес, но поради грешки на тимот, не успејаа да донесат титули во Маранело.

биното е човек кој е одличен во улогата на технички директор и мора да му се дозволи да биде тоа. тоа треба да е негова секојдневна работа седумд енови во недела, а не само нешто што ќе го работи повремено, тоа ќе го разреди неговиот талент. мислам дека ферари погрешија и требаше да донесат некој друг на шефовското место – смета андресон.

Сеуште е нејасно кој ќе го замени Биното како главен технички директор на тимот, а шпекулациите велат дека Енрико Кардиле или Корадо Иоти се главни кандидати. Италијанците статистички во 2018 година ја имаа најсилната година во последната деценија, но и тоа не беше доволно за наслов.

навистина не ми е јасно зошто најдобриот технички овек кој го имате го поставувате за шеф на тимот, политичка позиција која само ќе ве ослаби – гласи аргументот на андресон.

Италијанскиот печат пренесува дека Матиа бил човекот кој редовно го смирувал тимот во тешките моменти, додека Маурицио Аривабене бил оној кој редовно посочувал на виновниците доколку нешто не тргне како што треба.

културата на обвинување е целосно погрешна, но доколку некој е навистина виновен тоа тимот треба внатрешно да го реши и да се осигура дека нема да се повтори грешката. погрешно е тимот да се засили со биното, но техничкиот дел и болидот да бидат послаби поради тоа.

лесно може да се загубат неколку десетинки брзина во болидот и после многу да се мачите за да ги надоместите. што ако ред бул сезонава се подобрат зналчителн и ги престигнат ферари, тогаш проблемот е поголем. биното е огромно средство кое со овој потег може да се загуби.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.