Шон Гелаел, тест возачот на Торо Росо, вели дека уживал во секој круг од својот тест за екипата во Абу Даби.

Возачот од Индонезија, кој моментално учествува во Формула 2 првенството, го помина првиот ден во тестирањето, додека на тестот му се придружи и Даниил Квјат, кој се враќа во Формула 1 покрај Александер Албон.

Гелаел беше тест возач во текот на 2018 година во Барселона, помина вкупно 50 кругови на првиот ден. На вториот ден, тој комплетираше 83 кругови, со најбрз круг од 1:20.763, што беше доволно за пласман на 12то од вкупно 13 возачи.

150 кругови! Тоа е секогаш добро. Беше одлично да се вози во болидот, уживав во секој круг!

Собрав многу податоци за тимот, што е клучно. Дефинитивно сакавме да сме повисоко на листата, но нашиот фокус беше кон тркачки симулации, што помина многу добро – изјави Гелаел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.