Гасли ќе инсистира на развој

55

Пјер Гасли откри дека ќе продолжи да ги притиска Торо Росо да го развиваат болидот колку што може подолго пред да ги насочат ресурсите кон следниот болид. Тимот од Фаенца донесе некои новини во Шпанија, но поголем пакет подобрувања е планиран за Монако и Канада со цел да се задржи развојната трка со конкуренцијата. Поради последната трка без поени, тимот падна на 8мо место во поредокот.

Од моја гледна точка, јас ќе продолжам да инсистирам на развој се до последната трка за да добијам колку што можам повеќе перформанси. Премногу е рано за да се размислува за следната година, јас сум човек кој сака да се фокусира на она што се случува во моментот и да се максимизира тековниот потенцијал.

Секако да во еден момент ќе мора повеќе ресурси да одат кон болидот за следната година, но јас ќе се обидам да извадам колку што можам повеќе од она со што располагам.

Гледаме дека другите екипи се конкурентни, Рено направи огромен чекор, Форс Индија многу напреднаа од Баку, но и другите се подобруваат така што мораме да се осигураме дека ние ги следиме. Мораме да останеме фокусирани на оваа година затоа што видовме дека имаме потенцијал кој што треба да го извадиме, слично на она што го направивме во Бахреин, што треба да е цел скј викенд иако сме свесни дека е тешко – смета францускиот возач на Торо Росо.

Пјер смета дека екипата од Фаенца мора да цели на топ 10 финиш секоја трка, иако е свесен дека силата на конкурентите го отежнува тоа.

Ако го погледнете гридот, сваќате дека топ 6 е полн, Форс Индија беа недопирливи во Баку, Хаас се фантастични, а Рено се подобри на сеоја трка. Така, К3 е многу тешко за нас, но треба да остане цел и мотив за сите иако знаеме дека не може да биде лесно.


Гасли ќе инсистира на развој

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>