Пјер верува дека тој заедно со другите млади возачи од новата генерација ќе го подобрат спортот во годинтие кои следат.

Французинот минува во Ред Бул од Торо Росо за 2019 година и е дел од неколку млади возачи кои добиваат конкурентни места за следната година. Годинава, заедно со Пјер, прва дебитантска сезона во спортот имаа и Шарл Леклер, Сербеј Сироткин и брендон Хартли.

искрено мислам дека со шарл и естебан сме одлична генерација затоа што се тркаме заедно од 2005 година. фактот што се тркаме еден против друг секоја година е одличен и мислам дека е користно за нас што се обидуваме да го извлечеме најдоброто. тоа е одлично – смета гасли.

Следната година ќе има уште двајца дебтианти откако Џорџ Расел ќе почне да вози за Вилијамс, а Ландо Норис ќе биде дел од Мекларен.

ќе видиме и некои нови момци догодина во имињата на ландо норис и џорџ расел, нова генерација која доаѓа во формула 1. веројатно за оние кои некое време ја немаат следено формула 1, а повторно ќе почнат да ја следат, гридот ќе биде многу различен.

добро е што во формула 1 доаѓаат свежи луѓе со голема амбиција и гладни за успех. заедно раснеме од подолните јуниорски категории и сега се наоѓаме на врвот во моторспортот, сеуште борејќи се еден против друг – заврши гасли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.