Пјер Гасли смета дека шансата да вози во Ред Бул во Формула 1 е надоместок за пропуштената шанса по освојување на титулата во ГП2, кога тој бил на “вистинско место во погрешно време“.

Гасли стана првиот јуниор на Ред Бул кој победи во ГП2 првенството и тоа го стори во 2016 година, но мораше да се трка во Супер Формула следната сезона, додека Карлос Саинз и Даниил Квјат добија места во Торо Росо.

Сепак, раниот трансфер на Саинз во Рено и отпуштањето на Квјат поради слаби перформанси, ги принудија Ред Бул да го доведат Гасли во јуниорската екипа за пет трки пред крајот на 2017 година.

Гасли доби постојано возачко место во 2018 година, а потоа и унапредување во сениорската екипа како замена за Даниел Рикардо, кој замина во Рено.

Секогаш верувам дека ако ги правите вистинските работи, во одреден момент, добри работи ќе ви се случат на вас.

Навистина сум среќен што сега добивам се. Имам одлични можности благодарејќи на напорната работа од минатото. Понекогаш бев на вистинско место во погрешно време, а овој пат бев на вистинско место во вистинско време.

Мојот живот беше прилично неверојатен во последните 13 месеци. Не беше секогаш така, но си реков, ок, ќе работам напорно и ќе го дадам максимумот, добрите работи ќе се случат.

Единствените луѓе кои ги следат се тие кои успеале. Гледам кон Себастијан. Себ ги направи истите работи како мене, една година и половина во Торо Росо, премина во Ред Бул, имаше успех од самиот почеток.

се зависи од мене. Не сакам да гледам кон луѓе кои не успеале. Секако дека може да процените што не функционирало и да се научи од тоа, но инспириран сум од тие кои успеале.

Тие ми се пример. Можно е, луѓето успеале и претходно – изјави Гасли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.