Пјер Гасли смета дека Хонда покажува поголема моќ на секоја следна трка, а тоа најдобро го покажале со К3 пласманот на Автодромот Монца. Францускиот возач отки дека го нашол идеалниот сетап за неговиот Торо Росо Хонда болид, извозел добри кругови во К2 и мина во К3 за почеток на утрешната трка од 9то место.

Франузинот е свесен да дефицитот на моќ кој го има моторот во Хонда, но на Спа и во Италија добро се пласираа, се најдоа во добар слипстрим и стигнаа до солидна стартна позиција.

Пред почетокот на квалификациите мислевме дека тешко ќе дојдеме и во К2, а на крајот завршивме во К3, на 9то место. Сесијата беше многу поодбра одошто очекувавме, веројатно еден од моите најдобри кругови оваа сезона и тоа го постигнав во Италија пред домашната трка за екипата што е неверојатно.

Не знам какви резултати Хонда има во Монца последните четири години, но јасно е дека покажуваме дека по Спа сме одлично изненадување за сите, успеавме да дојдеме до поени таму на патека која бара навистина многу од моторот – објасни Пјер.

Тој следната година ќе вози во Ред Бул, а Милтон Кинс ќе користи и мотори од Хонда, така што возачот смета пред себе има иднина коај ветува.

Ги изненадуваме сите и покажуваме дека се развиваме во вистинска насока. Мислам дека јапонците може да бидат многу среќи и мотивирани за уште повеќе. Споредено со последните неколку години очигледно е дека се подобруваме што е многу позитивно.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.