Гасли: Фантастичните квалификации имаат посебно значење

95
   

Покрај очигледно импресивниот резултат за Торо Росо во квалификациите, фактот што истиот се случи на домашна трка за Хонда има навистина посебно значење, смета Пјер Гасли.

Французинот се квалификуваше на седмо место, само седум десетинки од секундата позади тимскиот колега Брендон Хартли, изненадувачко постигнување во  топ 10.

Ова е фантастичен резултат денес, шесто и седмо место за Хонда во Сузука е очигледно добро завршена работа спордено со некои други годинава. Навистина сум среќен за тимот!

Ова е најверојатно најдобро квалификување за тимот од почетокот на годинава и да се изведе во Јапонија е навистина посебно – вели Гасли.

Навистина, резултатот за екипата од Фаенца во Јапонија е подобар од нивните претходно најдобри квалификации, 6та и 8ма позиција во Унгарија. Иако Гасли е пресреќен со исходот, тој е свесен дека пред нив е тешка задача.

Сузука е многу тешка за претекнување и треба да се фокусираме на стартот. И Брендон и јас имаме добро чувство со болидот викендов и ќе продолжиме да бидеме агресивни, бидејќи ќе има брзи болиди околу нас.

Мора да се бориме силно, но се надевам дека ќе имаме добар старт и ќе го нападнеме Роман на 5то место. Од почетокот на сезоната успеавме да работиме заедно и да ги искористиме сите можности. Треба да останеме фокусирани и да го постигнеме максимално најдобриот резултат – додаде Гасли.


Гасли: Фантастичните квалификации имаат посебно значење

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>